За ракометната иднина не треба да се стравува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Симултанката на македонските младинци и убедливата победа на вечерашниот меч со Полска е само уште една потврда за спортската јавност дека Македонија не треба да стравува за својата ракометна иднина. Новиот лидер е роден – Филип Талески покажа што значи да се биде капитен, не само со квалитетот во играта, туку и со психолошката стабилност која му ја дава повеќегодишното играње на највисоко ниво. Неблагодарно е да се истакнуваат поединци во репрезентација во која буквално функционира сè, а голем дел од заслугите за одличниот резутлат сигурно одат кај Илија Темелковски стратегот што по којзнае кој пат покажува дека знае што е потребно за да го извлече максимумот кога станува збор за македонската репрезентација, без разлика дали е на сениорско или младинско ниво.

Работата не е завршена, но со игра барем приближна на оваа денешната утре пред македонската казнена експедиција ќе падне и Португалија што ќе значи историски и прв пласман на една македонска репрезентација на младинско светско првенство.

[new_royalslider id=”475″]

Се вчитува...