Одличен почеток и победа на македонската младинска ракометна репрезентација против Полска со 30-22 (16-8) во првиот натпревар од квалификациите за СП 2017 (У21). Инспирирано, сигурно и максимално борбено одиграа младите македонски ракометари. Во текот на целиот натпревар имаа контрола на играта и на резултатот и заслужено стигнаа до првите бодови на овој квалификациски турнир на кој Македонија е домаќин во „Кале“. Избраниците на селекторот Илија Темелковски со максимално дисциплиниран присташп во играта најавија дека сигурно ќе се борат за првото место во групата кое обезбедува пласман на СП 2017 во Алжир. Покрај Македонија и Полска, во оваа група се уште и селекциите на Португалија и на Турција.
По серија грешки и промашувања на двете страни, Марко Нелоски во четвртата минута го постигна првиот погодок, а потоа прецизен беше пикерот Филип Арсеновски, а Мице Шилегов и донесе водство на Макеоднија од 3-0. Првиот гол Полјаците го постигнаа дури во 8.минута намалувајќи на 3-1. Македонските младинци беа расположени во нападот од сите позиции, па првите пет гола за македонската репрезентација ги постигнаа пет различни играчи. Добрата, сигурна игра на нашите младинци им донесе водство од +6 во првата четвртина од натпреварот кога капитенот Филип Талески погоди за предност од 9-3, а набрзо потоа со уште еден проектил за водство од 10-4. Следуваше прецизна серија на извонредниот Мице Шилегов кој со две брзи контри и максимална прецизност ја зголеми позитивата на десет минутио пред крај ја зголеми позитивата на 12-5. Сигурната игра во одбраната и инспирираниот Мартин Томовски на голот не им оставија многу простор на Полјаците да дојдат до гол. Македонија на одмор замина со предност од 16-8 што им даде уште поголема сигурност пред стартот на второто полувреме.
Со агресивната игра во одбраната и сигурната реализација во нападот, македонските младинци продолжија и во вториот дел. Во добра серија влегоа бековите, Неловски и Талевски беа несопирливи за полската одбрана, а секоја шанса за контра и гол ја користеа и нашите крилни играчи. Тоа резултираше со зголемување на водството и првата двоцифрена предност во 22-12 во 37.минута од натпреварот. Во продолжението дојде до мал пад во играта на македонската репрезентација, но одличен на голот во вториот дел беше голманот Никола Даниловски, запиша шет одбрани во првите десетина минути од вториот дел и беше „чувар“ на предноста на нашиот состав и покрај притисокот на Полјаците да ја намалат негативата. Македонија одново стигна на +10 поведувајќи со 28-18 на три минути пред крај. Македонските ракометари ја задржаа доминација до крај, а Петровсјки со својот гол првенец од девет метри стави точка на натпреварот и на победата со 22-30.
Мице Шилегов беше најефикасен во макеоднскиот состав со осум погодоци од 11 шута, Талески додаде пет, а по четири гола постигнаа Нелоски и Велковски. Томовски запиша осум одбрани во првото полувреме, а Даниловски шест во второто.
Во вториот натпревар, утре во истиот термин со почеток од 17.45 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Португалија која денеска ја потврди фаворитската улога во дуелот со Турција и славеше со 40-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА