Неколку интересни натпревари го одбележаа денот во НБА лигата.
Филаделфија пред своите навивачи славеше против Минесота со 93-91 во дербито на екипите од дното на своите конференции. Ла Вајн со 28 поени беше најефикасен на мечот, но неговата добра партија не и помогна на Минесота. Ембид ја предводеше Филаделфија со 25 поени и 8 скока.
Бостон со 115-104 беше подобар од Јута, а на патот до победата предводеше Томас со 29 поени и 15 асистенции, како и Ал Хорфорд со 21 поен.
Во извонреден меч, Детроит загуби од Индијана со 116-121. Пол Џорџ се врати во старата форма, постигнувајќи 32 поени, додека Харис со 22 поени и Џексон со 20 поени и 12 асистенции го одржуваа Детроит до крајот во живот, но не доволно.
Кошаркарите на Денвер, пак, на свој паркет загубија од Сакраменто со 120-113. ДеМаркус Казинс блескаше кај Сакраменто со 31 поен, додека Галинари со 24 поени беше најдобар кај Денвер.
Jusuf Nurkic No-Look Overhead Assist to Darrell… by situacijeliga
Во еден од највозбудливите дуели немаше изненадување – Сан Антонио го разби Торонто со 110-82. Олдриџ со 23 поени беше одличен кај Сан Антонио, додека на спротивната страна ДеРозан постигна 26 поени. Мајами на гостувањето кај Феникс загуби со 99-90, а пресуден за гостите беше Букер со 27 поени. Драгиќ постигна 24 поени за гостите.
Во последниот меч на вечерта, ЛА Лејкерс со 116-102 беа подобри од Мемфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА