По дводневниот одмор што го добија за прослава на новогодишните празници со најблиските, македонските ракометни репрезентативци утрово со тренинг во салата „Автокоманда“ ја стартуваа последната фаза од подготовките за СП во Франција.
На десет дена пред премиерниот дуел со Тунис селекторот Лино Червар за првпат ќе ги има на располагање сите ракометари, откако на националниот тим му се приклучи Филип Миркуловски. „Црвено-жолтите“ утре ќе го играат првиот пријателски дуел со БиХ, по што ќе следат уште две пресметки со истиот ривал кои ќе бидат од затворен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА