Бундес – лигата си носи и бундес – навики. Филип Миркуловски вежба на 1.јануари, и тоа во стилот на „Роки“ од истоимениот филм. Почетокот на Новата 2017 година Миркуловски го искористи за жесток тренинг, затоа што треба да биде максимално подготвен за искушенијата во националниот тим на Македонија, за Светското првенство во Франција.
Иако претходно реши да се повлече од националната селекција, популарниот Жути реши повторно да се врати во репрезентацијата по наговор на селекторот Лино Червар, и сака да биде на врвно ниво на претстојниот ракометен мундијал.
„Кога татковината те вика, нема место за компромис и пауза“, порача Филип Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА