Роберт Левандовски ќе го пропушти стартот на вториот дел од сезоната во Бундес-лигата откако беше обелоденето дека полскиот голгетер се уште не е „фит“ за камбек на терените по повредата што ја санираше за време на паузата. Тој тренираше индивидуално за време на кампот во Катар, па откако не ги минал последните прегледи била донесена одлука да не се ризикува со негов настап на премиерниот дуел во 2018 година, гостувањето против незгодниот ривал Баер Леверкузен.
Веќе е извесно дека шанса за деби во дресот на Баерн на петочниот дуел ќе добие Сандро Вагнер, кој зимава пристигна во Минхен од редовите на Хофенхајм.
Баерн Минхен влегува во вториот дел од сезоната со одлична предност од 11 бода во однос на второпласираниот Шалке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА