Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се соочува со неочекувани здравствени проблеми во својот состав непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната во Бундес-лигата. Голем дел од „милионерите“ јаделе донер во слободното време, а тоа им донесе многу проблеми. Деветмина фудбалери имаат труење со храна и се наоѓаат под строг третман, па затоа го пропуштиле и последниот тест меч против Цулте Варегем.
Голманот Роман Бурки, неговата резерва Роман Вајденфелер, и третиот голман Доминик Рајмнан, како и Андре Шурле, Марк Бартра, Кристијан Пулишиќ, Омер Топрак, Јакуб Ларсен и Нури Шахин, поради стомачни проблеми го пропуштија пријателскиот меч, но и двата последни тренинзи. Лекарскиот тим на „милионерите“ се обидува да ги оспособи за настап на неделниот меч против Волфсбург на домашен терен, прв по кусата зимска пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА