Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски останува во Јапонија уште една година.
И покрај извесните најави околу можност за враќање на европскиот континент, сепак Бабунски се одлучи да го продолжи договорот со Јокохама Маринос на уште една година.
Од клубот го потенцираа задоволството од ефектот на македонскиот фудбалер изминатава сезона во Јокохама поради што веднаш беше Јокохаама се приклучи во јануари 2017 година притоа одигрувајќи 20 официјални натпревари со постигнати три погодоци.
Во Јапонија останува и братот на Давид, Доријан Бабунски кој се враќа во второлигашот Мачида Зелвиа откако изминативе шест месеци ги мина на позајмица во Кагошима јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА