Пред отворањето на Европското првенство во ракомет денеска и дуелот меѓу Хрватска и Србија од 20:30 часот, моќна порака испратија вчера членови на двата национални тима.
И покрај фактот дека вечерва во Сплит ќе има жестока битка за победа меѓу големите ривали, хрватскиот репрезентативец Златко Хорват и српскиот репрезентативец Добривоје Марковиќ се одлучија да испратат убав сигнал дека спортот е многу повеќе од политиката и „непријателството“ кое владее меѓу двете земји. Сплит вечерва секако уште еднаш треба тоа да го докаже!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА