Блокотехна славеше убедлива победа (91-54) над Кожув во првиот натпревар од 12.коло во Првата кошаркарска лига. Тимот на Марјан Илиевски беше доминатен на овој меч и триумфот го најави уште во првата четвртина, која ја доби со 33-11. Потоа продолжи со подобра игра и во вториот и во третиот период, а Кожув доби „попуст“ само во последната четвртина. На крајот, Блокотехна стигна до повеќе од заслужена победа.
Најефикасен во составот на победникот беше Седрик Боувен со 14 поени, а Димитар Лазаревски постигна 13. Се придодадоа и Стојан Ѓуроски и Бенјамин Двејн со по 12. Мартин Шалев постигна 14 поени за тимот на Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА