Атлетико Мадрид успеа да слави на гости против Еибар со минимален резултат 0-1, и се доближи до лидерот Барселона на шест бода негатива. Каталонскиот гигант утре му гостува на Реал Сосиедад во рамките на ова 19.коло во Ла Лига.
Кевин Гамеиро беше стрелец на победничкиот погодок за „јорганџиите“ на овој меч, во 27.минута. Во продолжение, се чини дека сепак голманот Јан Облак беше најзаслужниот во таборот на Диего Симеоне за триумфот против Еибар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА