Тотенхем го „торпедираше“ Евертон… (видео)

Тотенхем стигна до лесна победа против Евертон од 4-0 во 23. коло од Премиер лигата.

Домашните убедливиот триумф го најавија во 26. минута со голот на Хеунг-Мин. Во вториот дел следеа уште три гола, два на Хари Кејн и еден на Ериксен за конечна победа од 4-0.

По овој триумф, Тотенхем со 44 бода се израмни на четвртата позиција со Ливерпул, три бода помалку од Челси и Манчестер јунајтед кои се на второто односно третото место.

Се вчитува...