ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски
Филип Миркуловски на вчерашниот дуел против Словенија на стартот на ЕП, добил повреда на зглобот на ногата. За сега не се знае колку е сериозна повредата и дали може да го доведе во прашање и неговиот настап на на утрешниот дуел со Црна Гора.
Информациите од нашиот табор велат дека Миркуловски има оток и болки во ногата. Репрезентативниот бек е под терапија за скочниот зглоб, а утре ќе се знае попрецизно колку е сериозна повредата и дали тој ќе може да игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА