ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонија реди победи на ЕП 2018, и тоа минимални, па по две кола имаме максимални четири бода, со гол-разлика „плус два“.
„Не можеме без драма“ и „не би било волку слатко кога би било глатко“ се само дел од коментарите на нашите фанови во Загреб, кој уживаат во секој момент на задоволство што им го приредуваат ракометарите при секое излегување на теренот во „Арена“.
Атмосферата е фантастична, задоволството огромно, но најмногу од се радува помислата дека ова е само старт, почеток на една нова македонска спортска бајка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА