Кварезма се сели во Кина

Португалскиот интернационалец Рикардо Кварезма ќе се пресели во Кина, откако неговиот клуб Бешикташ одлучи да ја прифати понудата за него вредна 15 милиони евра. Тој од 2015 година го носи дресот на Бешикташ, но оваа сезона и не игра во најдобра форма, постигнувајќи само два гола.

Турските медиуми не го откриваат името на кинескиот клуб, но веќе е познато дека Кварезма би заработувал 7 милиони евра по сезона, а би потпишал двегодишен договор. Ова за 34-годишниот Португалец е секако одлична понуда.

Бешикташ оваа зима остана и без Ченк Тосун, кој направи трансфер во англискиот премиерлигаш Евертон.

 

Се вчитува...