Викендов во Сараево, сениорската хокеарска репрезентација на Македонија ќе одигра два натпревари со Босна и Херцеговина. Босанските хокеари се подготвуваат за настап на Светското првенство, на кое се домаќини и ќе се одржи на крај на февруари.
Првиот меч се игра во сабота од 16.30 часот, а вториот во недела во 11.
Македонската репрезентација ќе настапи во следниот состав: Владе Илиевски, Рок Шарлохар, Андреј Василев, Нејц Турк, Рок Шимич, Лука Урбас, Петар Трпевски, Дмитриј Прокудин, Самуел Наумовски, Давор Анастасов, Владимир Леов, Јуре Стопар, Стефан Децковски, Кристијан Ташевски и Бојан Василковски.
Екипата од клупа на овој двомеч ќе ја води еден од најдобрите македонски хокеари Ѓорѓи Грчевски – Ирка.
Во првиот состав недостасуваат неколку стандардни играчи (Александер Петров, Ивица Тасков, Иван Бачовски, Влатко Атанасов, Кристијан Грчевски), кои заради работни обврски или лоши транспортни конекции со Сараево ќе го пропуштат овој двомеч, затоа селекторот Грчевски одлучи да го дополни тимот со двајца младинци Бојан Василковски и Петар Трпевски кои првпат ќе дебитираат за сениорскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА