ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Репрезентацијата на Хрватска очекувано славеше победа против Белорусија во својот прв натпревар од втората фаза на ЕП во загрепска „Арена“. Избраниците на Лино Червар не се потршија премногу во овој дуел, одработувајќи онолку колку што им беше минимум потребно да останат во позитива. Иако, тоа во финишот можеше и скапо да го платат. Вистинското искушение, домаќините на ова ЕП ги чека во наредните два натпревари во кои ќе играат прво со Норвешка, а потоа со Франција.
По киксот протов Шведска во првата фаза, Хрватска веќе нема право на грешка за да стигне со европското полуфинале.
Дуелот со Белорусија ги враќа Хрватите колку-толку во победнички ритам, иако во „Арена ги дочека“ помалку театарска атмосфера и само делумно исполнети трибини. Белорусите во првата четвртина се држеа на 1-2 гола разлика. Следуваше серија на Хрватска од 5-1 и се одлепија на 13-8, а на полувремето заминаа со предност од 15-12.
И во второто полувреме, Хрватите беа далеку одс своето најдобро издание. И покрај солидната одбрана и на овој меч под стандардното ниво беа голамните на хрватската репрезентација со само шест одбрани вкупно. Многу помотивиран и поинспириран на спротивната страна беше Вјачеслау Салдатсенка кој запиша 12 одбрани и ја држеше Белорусија во игра. На две минути пред крај, со погодокот на Кулеш, Белорусите дојдоа до изедначување 23-23 и ги стави „коцкестите“ во тесно во финишот на мечот. Лука Циндриќ го постигна најважниот гол за триумфот на Хрватска, Белорусите не го искористија последниот напад, а потоа Копљар стави точка поставувајќи ги конечните 25-23 за Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА