Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оствари нов експресен триумф на терените во Мелбурн и се пласира во осминафиналето на гранслем турнирот Австралија Опен. Тој со 3-0 во сетови го совлада босанскиот тенисер Дамир Џумхур и целата работа ја заврши за неполни два часа.
Надал првиот сет го доби со 6-1, Џумхур малку посилен отпор даде во вториот, но, сепак, Шпанецот го комплетираше со 6-3. Во третиот повторно доминираше Рафа Надал, го освои со 6-1 во гемови и обезбеди пласман меѓу 16 најдобри на турнирот. Во осминафиналето ќе ги одмери силите со аргентинскиот тенисер Диего Шварцман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА