Раул кова тактика, ракометарите се забавуваат со кошарка (фото)

Македонската ракометна репрезентација денеска одржа нов тренинг во Мурско Средишче, во близина на комплексот „Свети Мартин“ каде се сместени ракометарите.

Атмосферата е одлична, а како дел од тренингот Раул им дозволи на своите избраници да се релаксираат играјќи кошарка. Во меѓувреме, шпанскиот генијалец продолжи да ја кова тактиката за пресметката со своите сонародници, видно мотивиран против „црвената фурија“ да ја продолжи серијата добри игри како селектор на Македонија.

Ракометарите утре ќе одржат тренинг во салата во Вараждин, каде в недела ќе се сретнат со Шпанија со почеток во 20.30 часот.

фото: Маја Јаневска – Илиева

Се вчитува...