Во вториот натпревар од вараждинската група на ЕП во Хрватска, Данска славеше против Словенија со 31-28 и и се придружи на Германија со четири бода. Словенците по овој пораз ги губи шансите за пласман во полуфиналето. Разврската во групата ќе биде јасна по неделниот дуел меѓу Македонија и Шпанија.
Првото полувреме донесе изедначена игра во која ниедна од двете екипи не успеа да направи разлика поголема од два гола. Во поголем дел Данците беа во позитива. Словенците го презедоа водството со погодокот на Сухожегник за 12-11, но Данска брзо се врати во предност, направи серија од 3-1 и првото полувреме го заврши со два гола предност 14-16.
На стартот од вториот дел, Словенците имаа неколку промашувања од чисти ситуација, а Данска ја зголеми предноста на 16-19. И одново Словенија дојде на гол негатива (18-19) и тогаш добија двојно исклучување Мачковшек и Цингесар, едниот за фаул, другиот за приговор. Сепак, Данците не успеаја да ја искористат најдобро бројната предност на терен. Со неколку успешни одбрани на Никлас Ландин, Данците успеаја да се одбраната од офанзивата на Словенците и во последната четвртина влегоа со предност од 22-25.
И кога се чинеше дека Данците веќе обезбедија предност за победа, Словенија со два брзи гола повторно дојде на гол негатива (25-26) за нова неизвесност во завршните минути од натпреварот.Но тогаш повторно стапи на сцена, Никлас Ландин, а Данска тоа го ефектуира со серија од 4-1 и се одлепија на 26-30 на две минути пред крај и веќе го обезбедија триумфот.
Ласе Сван Хансен со 11 гола ја предводеше Данска, кај Словенија најефикасен беше Миха Зарабец со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА