Хет – трик на Агуеро, овации за Сане, триумф за Сити

Манчестер сити им се врати на победите, откако во претходното коло го доживеа првиот пораз оваа сезона, на гостувањето против Ливерпул. „Граѓаните“ со 3-1 го совладаа Њукасл на домашен терен, во меч на кој блескаше Лирој Сане, а хет – трик постигна Серхио Агуеро. Манчестер сити сега повторно има 12 бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата во однос на Манчестер јунајтед.

Аргентинецот Агуеро во 34.минута донесе водство за Сити, а во 63.минута реализираше пенал кој го изнуди Рахим Стерлинг. Џејкоб Марфи четири минути подоцна намали на 2-1, но Лирој Сане одновно ја излуде противничката одбрана во 83.минута, и му подготви гол – шанса на Агуеро, која тој не ја пропушти.

Се вчитува...