Баерн Минхен ја оствари 15.победа во Бундес – лигата оваа сезона совладувајќи го Вердер на домашен терен со 4-2. Сепак, тимот на Јуп Хејнкес неочекувано тешко дојде до трите бода на овој меч.
Вердер поведе со голот на Гондроф во 25.минута, а Томас Милер израмни пред одморот. Роберт Левандовски донесе предност за баварскиот тим, но Вердер не се предаде и израмни, откако Суле си постигна автогол по еден корнер за гостинскиот состав. Сепак, Левандовски во 77.минута и Томас Милер седум минути подоцна ги разрешија дилемите и донесоа триумф за Баерн, кој сега има 16 бода предност во однос на Баер Леверкузен и на Шалке 04 на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА