ПОТОП наместо сензација против Шпанија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија го претрпе првиот пораз на ЕП 2018 во Хрватска откако нашите ракометари вечерва загуби од Шпанија со убедливи 20-31. Не е срамота да се претрпи пораз, но македонските ракомеетари тоа денеска го сторија беа онаа борба и жар на теренот по кој беа препознатливи во првата групна фаза, му дозволија на противникот да доминира, на голманот Де Варгас да се разбрани. Уште поголем проблем е повредата на Кире Лазаров, за кого дополнително ќе биде познато дали ќе може да помогне на следните средби со Чешка и со Данска. Покрај Лазаров неизвесен е и статусот на Филип Миркуловски, кој воопшто не влезе во игра на денешниот натпревар.

Мечот го почнавме со зона 5-1 во која најистурен беше Талески, додека во нападот тргнавме „седум на шест“, без Миркуловски, со Талески и Кузмановски  крај капитенот Кире Лазаров. Во првите два напади две грешки направи Кузмановски, кој делуваше како десен бек но не се снајде во таа улога. Кризата во нашата игра продолжи, па Гонзало Перез де Варгас реализираше во 5. Минута за водство од Шпанија од 0-3. Раул ја промени тактиката во „шест на шест“, Лазаров се врати на десен, а Кузмановски на среден бек, по што Стоилов изнуди пенал и исклучување, а Лазаров од пенал го постигна првиот гол за Македонија (1-3, 7. Минута). Сепак, преимпресионираноста во нашата игра беше очигледна, Шпанците го искористија тоа и набрзина поведоа со 1-5, по што Гонзалес мораше веќе на почетокот од деветтата минута да побара тајмаут.

Главниот удар го претрпевме во 11. Минута, кога по една наша акција изнудивме пенал, но Кире Лазаров покажа дека е повреден и се упати кон клупата, оставајќи му го своето место на Мартин Велковски. Првиот гол од игра го постигнавме дури во 15. Минута преку Дејан Манасков за 3-7, а нешто подоцна преку Стоилов намаливме на 4-7. Во периодот на конфузност во нападот извонреден на голот беше Борко Ристовски, но бројните грешки во офанзива придонесоа Шпанија набрзина да стигне до 5-10. Велковски влегуваше од грешка во грешка, Гонзало му одбрани зицер на Стоилов, Манасков направи престап, па противникот уште повеќе ја зголеми предноста, на одмор заминувајќи со преубедливи , откако Македонија реку Стоилов реализираше за 6-15, прекинувајќи ја серијата од неполни 12 минути без постигнат погодок.

Битката за бодови беше загубена по само 30 минути, па Гонзалес реши да експериментира со тимот во вториот дел, чувајќи дел од стартерите за мечот со Чешка в среда. Мартин Поповски влезе во игра наместо Георгиевски, Митревски на голот го замени одличниот Борко Ристовски, а Кузмановски беше префрлен на крило на местото на Манасков. Шпанците исто така направија неколку замени, но рутински ја одржуваа предноста. За чиста „десетка“ беше само „фалангата“, која и на „минус десет“ им даваше гласна поддршка на своите миленици.

Митревски продолжи онаму каде што застана Ристовски, но голманот беше единствена светла точка во нашиот тим бидејќи проблемите со реализацијата во нападот продолжија. Гонзало Перез де Варгас имаше свое шоу на голот, бранеше зицери и фрлаше топки за контранапади, па Шпанците набрзина стигнаа и до огромни „плус 13“ (14-27). Во финишот заигравме нешто поефикасно во нападот, врзавме три гола, но серијата ја прекина со нова грешка Велковски, за лесна реализација на Гурбиндо, за мечот на крајот да заврши со конечни 20-31.

Неверојатно делува бројката од 21 загубена топка, доволна потврда за очајната игра во нападот на нашите ракометари. Единствени светли точки беа голманите Митревски со 14 и Борко Ристовски со седум интервенции (за по едно полувреме), додека во нападот најефикасни беа Стоилов и Манасков со по четири гола.

Нема многу време за одмор, па нашите ракометари веќе во вторник ги очекува дуелот со Чешка, а в среда и последниот дуел од групата 2 против олимпискиот првак Данска.

Се вчитува...