ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Македонија го доживеа првиот пораз на Европското првенство во Хрватска, и тоа мошне убедлив (20-31) од Шпанија, а да биде малерот уште поголем, го загубивме поради повреда и капитенот Кире Лазаров. Селекторот Раул Гонзалес е секогаш искрен, и вели дека сме одиграле катастрофално, а Кире Лазаров речиси сигурно е загубен до крајот на првенството, поради повредата на задната ложа.
„Ова беше катастрофа. Уште од самиот старт имавме голема негатива, направивме грешки во нападот кои Шпанија знаеше да ги искористи, и потоа се беше готово. Се повреди и Кире Лазаров. Не знам стопроцентно, но мислам дека нема да може да игра до крајот. Мора овој меч да го заборавиме, да извлечеме поуки и да се насочиме кон двата наредни натпревари“, изјави селекторот Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА