Шесткратниот освојувач на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, го завршува својот настап на гранслем турнирот откако во осминафиналето загуби од јужнокорејскиот тенисер Хајен Чунг со убедливи 3-0 во сетови (7-6, 7-5, 7-6).
Српскиот тенисер беше немоќен против расположениот Чунг кој доминираше уште од стартот на мечот. Иако на моменти Ѓоковиќ имаше шанси да се врати и трудеше максимално да го сврти мечо во своја корист, 58. рангираниот тенисер имаше свој ден и заслужено продолжува со својот настап на првиот гранслем оваа сезона.
Чунг сега го очекува дуел во четвртфиналето против Тенис Сандгрен, кој во претходното коло исто така изненади со победа над Доминик Тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА