Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Бруин ја обнови соработката со „граѓаните“ и стави потпис на нов петгодишен договор. Неговиот договор ќе трае до 2023 година, а ќе заработува 260.000 фунти неделно.
„Пресреќен сум што го обновив договорот. Остварувам многу успеси и се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина“, истакна Де Бруин.
Откако пристигна од редовите на Волфсбург, репрезентативецот на Белгија забележа 122 настапи во светло синиот дрес, додека сезонава бележи импресивни бројки од осум погодоци и 13 асистенции во Премиер – лигата.
Претходно Манчестер сити потпиша нов договор и со Давид Силва, а во тек се преговорите за продолжуваљње на соработката со Рахим Стерлинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА