И нос се крши кога се слави гол против Ливерпул (ФОТО)

Дефанзивецот на Свонси, Федерико Фернандез толку многу се радуваше на голот кој го постигна неговиот колега Мавсон за водство од 1-0 против Ливерпул, што успеа да се повреди за време на просвлавувањето на погодокот. Аргентинецот случајно се удри рамото на неговиот соиграч и успеа да го прокрвари носот, медицинскиот тим на домаќините мораше веднаш да интервернира.

Што се однесува до сребата, Свонси се уште води против „редси“, фудбалерите на Јирген Клоп имаат помалку од 20 минути да стигнат до израмнувачки гол и да останат непоразени во последните 15 натрепревари во првенството.

Се вчитува...