Управата на Милвоки бакс одлучи да го тргне Џејсон Кид од функцијата прв тренер на тимот по три ипол години соработка. Следните неколку натрпревари ќе ги предводи помошниот тренер Џо Пранти, додека за пронаоѓање на адекватна замена ќе биде потребно време, истакнаа од таборот на франшизата од Винсконсин.
„Благодарни сме на Џејсон за се што направи за нашиот тим и целата организација, но одлучивме дека е време за промена на тренерската позиција. Потребен ни е нов пристап и различно лидерство на оваа екипа, со цел да ги оствариме нашите планови за во иднина, а тоа е да изградиме тим со кој ќе можеме да се бориме за шампионатот“, истакна генералниот менаџер на клубот, Џон Хорст.
Кид во три ипол годишното раководење со тимот на Милвоки успеа во два наврати да обезбеди пласман во плеј-оф разигрувањата, во сезоните 2014/15 и 2016/17. Oваа сезона засега стојат на 8. позиција со 23 победи и 22 порази. Екс-кошаркарот на Њу Џерси (сега Бруклин нетс) исто така имаше големо влијание врз развојот на Јанис Антетокумпо, кој сега важи за еден од најдобрите кошаркари во лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА