Кавадаречкиот второлигаш Тиквеш пролетниот дел од сезоната ќе го стартува со нов тренер во името на Методи Сапунџиев кој го презеде тимот на стартот од зимските подготовки.
Сапунџиев го водеше тимот и во сезоната 2011/12, а потоа во неколку наврати фигурираше како асистент и тренер на младинскиот тим во клубот. Кавадарчани ги стартуваа зимските подготовки и со пет нови фудбалери, водени од амбициите и за пласман во прволигашката конкуренција.
Нови имиња во Тиквеш се крилниот напаѓач Дарко Додев кој пристигна од редовите на Силекс, левиот бек Јане Стојанов од Брегалница, 21-годишниот Стојан Петковски, како и браќањата Сашо и Слободан Дуков кои се повратници меѓу кавадарчани.
Тимот го напуштија напаѓачот Благојче Маркоски, кој се пресели во редовите на Пелистер, како и фудбалерот од средниот ред Стојанче Дунимаглоски кој замина во прилепска Победа.
Тиквеш во Втората лига – Исток, по есенскиот дел од шампионатот е на 5. место со пет бода заостанување зад позицијата која носи во Првата лига следната сезона а која во моментов ја чува велешки Борец. Лидер во Втората лига – Исток е струмичка Беласица со 27 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА