Хрватскиот ветеран, Рернато Сулиќ (38) е ново засилување на полската Висла Плоцк. По девет години минати во Веспрем, хрватскиот пикер на залезот на кариерата се сели во Полска и ќе го носи дресот на Висла Плоцк во наредните две години
Иако во поодмината возраст, Сулиќ е еден од најтрофејните ракометари што ќе настапуваат за полскиот тим. Со репрезентацијата на Хрватска ја освои шампионската титула на СП 2003, а на СП 2009 стана европски вицешампион.
Освен Ренато Сулиќ, двегодишен договор со Висла Плоцк потпиша и десниот бек Матеуш Горалски, а Mарчин Вичар ја продолжи соработката со полскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА