ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Македонија во шокантна завршница пропушти победа, а на крајот загуби од Чешка (24-25). Во меч кој го имавме под контрола се до самиот финиш, кога затреперија рацете на македонските ракометари. Имавме шанса и за реми по истекот на дуелот, седмерец шутираше Дејан Манасков, но Мрква го одбрани неговиот удар. Го немавме капитенот Кире Лазаров во текот на целиот меч.
„Самите сме си виновни. Имавме се, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината. За седмерецот на крајот…Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса“, изјави разочарано Дејан Манасков по завршување на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА