Манчестер сити е прв финалист во Лига – купот на Англија, откако победи со 2-3 против Бристол сити во реваншот на гости. На првиот меч на домашен терен славеше со 2-1. „Граѓаните“ во финалето ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Арсенал и Челси, кои првиот меч го одиграа без голови.
Тимот на Пеп Гвардиола поведе со голот на Лирој Сане во 43.минута, а на почетокот од вториот дел Серхио Агуеро зголеми на 0-2.
Бристол сити се врати во игра преку Марлон Пак во 64.минута, а Аден Флинт во судиското продолжение го израмни резултатот. Сепак, Манчестер сити е далеку поквалитетен состав, па возврати веќе во следниот напад, стигнувајќи до втора победа преку Кевин де Бруин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА