ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Штета, вистинска штета… да се одигра ваков натпревар на европско првенство без Кире Лазаров, да се води пет разлика и на крајот да се загуби минимално, нема никаква утеха, само жал за пропуштеното, жал за шансата за полуфинале. Скршени се срцата на ракометарите, очигледно беше тоа при самите изјави во микс-зоната во Вараждин, свесни за шансата што беше пред нив, на дофат, но за жал остана недостижна.
Чесите во ништо не беа подобри, само поумешни во финишот, да ги искористат нашите слабости и заморот, па со малку среќа и разбранет голман да стигнат до голем пресврт.
Дали ќе има нова ваква шанса, за оваа генерација најверојатно не, но клучно е помладите што поскоро да ја научат лекцијата, бидејќи во иднина товарот ќе падне врз нив. А тогаш срцата спортски македонски нека не бидат скршени како вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА