Леброн Џејмс се запиша во историјата како најмлад кошаркар со 30.000 поени во НБА лигата.
Џејмс синоќа во поразот на Кливленд од Сан Антонио постигна 28 поени, со кои ја надмина бројката од 30.000 поени, стигнувајќи сега до 30.021 поени. Со 33 години и 23 дена стана најмладиот кошаркар кој успеал да стигне до овој потфат.
„Посебен момент за мене. Сепак, не сум потполно задоволен кога ќе направам нешто ако притоа тимот не победил“ – рече Леброн по мечот.
Пред Леброн Џејмс на листата сега останаа само шест кошаркари. На врвот и натаму е легендарниот Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, а потоа се Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен и Дирк Новицки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА