Американската тенисерка Серена Вилијамс го најави своето враќање на тениските терени во Фед Купот. Таа ќе биде дел од американскиот состав на дуелите против Холандија, откако во последен момент го откажа учеството на Австралија Опен. Иако размислуваше за настап и во Мелбурн, Серена Вилијамс во последен момент реши да не учествува образложувајќи дека се уште не е доволо подготвена, откако паузираше поради својата бременост и раѓањето на ќерката.
Последен пат Серена Вилијамс играше на 30 декември на егзибициски меч, кога и процени дека не е се уште во оптимална форма за да се врати на тенискиот терен на големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА