ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Левиот бек на македонската репрезентација, Филип Кузмановски го немаше на вчерашниот одлучувачки натпревар против Чешка за да добие шанса од селекторот Раул Гонзалес во денешната пресметка со Данска.
Македонија со убедлив пораз го заврши шампионатот, а очекувано наскоро доаѓа и реална промена на генерацијата
„Искрено, очекував да играм… Зошто не играв со Чешка, тоа е одлука на селекторот. Со Чешка сите одиграа коректно и можеби затоа не добив шанса. Нема тука лутина. Јас навистина добивам шанса и мислам дека добро ја користам. Одигравме со срце и денеска со Данска, главата горе и продолжуваме понатаму. Мислам дека заедно со Талески, Велковски, на она Светско првенство во Алжир стекнавме доволно искуство за вакви натпреварувања, и покажавме дека сме генерација која може да парира во Европа. Не знам што да кажам, кога би го сумирале впечатокот од ова првенство, сега за некои од повозрасните ракометари сигурно остануваат уште една-две години настап во националниот тим а потоа ќе мора ние да го понесеме товарот. Тоа ќе биде тешко затоа што ние доаѓаме зад една од нашите најдобри генерации во историјата. Ќе треба да продолжиме со максимална работа и контиуирано да продолжиме со настапите на големи натпреварувања. Тоа е предизвик кој ќе мора да го прифатиме“ – вели Кузмановски, притоа дополнувајќи:
„Кога играм за Македонија јас секогаш сум силно мотивиран. Така и денеска бев максимално мотивиран. Ова првенство ќе биде голем импулс повеќе за сите нас да продолжиме со успеси и во иднина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА