Втората светска тенисерка, Каролина Вознијацки ќе игра за својата прва титула на Австралија опен. Таа во полуфиналето на надигра Белгијката Елиз Мертенс со 6-3,7-6(2).
Тоа што не и пројде од рака во 2011 година кога во полуфиналето пропушти меч топка против Кинеската Ли На, сега и успеа па во сабота ја чека голем меч против Романката Симона Халеп за титулата во Мелбурн и за враќање на врвот на ВТА листата.
„Оваа победа многу ми значи. Беше тесно на 5-4, но по два сервиси си кажав сама на себе да се смирам дека се ќе биде во ред. Чувствував нервоза, нозете ми се тресеа кога стигнав до сет топка, но ете успеав. Во финалето сум, и пресреќна сум“ – рече по мечот Вознијацки.
А, во втората полуфинална пресметка, Симона Халеп во три сета беше подобра од Германката Енџелик Кербер со 6-3,4-6,9-7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА