Ангеловски договори пријателски: Со Финска и со Азербејџан во март во Анталија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра две пријателски средби во март. Наши ривали ќе бидат Финска и Азербејџан, а мечевите ќе се играат во Анталија, Турција.

Откако Македонија ги доби противниците во новото УЕФА натпреварување, Лига на цации, беа договорени и пријателски средби во ФИФА терминот во март.

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија во март ќе одигра два пријателски натпревари. Договорени се средби со Финска, на 23. март и со Азербејџан на 27. март. Натпреварите ќе бидат одиграни на неутрален терен, во Анталија – Турција.

Се вчитува...