Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бесир Демири дебитираше за својот нов клуб украинскиот Мариупол во триумфот од 3-2 на пријателскиот натпревар против азербејџански Карабах на подготовките во Анталија.
23-годишниот довчерашен фудбалер на Вардар ги одигра првите свои минути за украинскиот тим, настапувајќи од 60. минута на средбата. Мариупол до триумфот дојде со голот на Борјачук во 90. минута од натпреварот.
Бесир Демири, согласно договорот со Украинците, во Мариупол, каде пристигна како слободен фудбалер по раскунувањето со Вардар, треба да остане до јуни 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА