Саутемптон го официјализираше трансферот на Карилјо

Англискиот премиерлигаш Саутемптон го реализираше трансферот на Гвидо Карилјо од редовите на францускиот шампион Монако. „Светците“ исплатија 19 милиони фунти за услугите на 26-годишниот голгетер, додека Аргентинецот потпиша договор на 3,5 години со клубот од „Сент Мери“.

„Мило ми е што пристигнав тука. Чувството  е прекрасно да се биде дел од овој клуб, се надевам на успешна соработка во следниве години“, истакна Карилјо при неговото претставување.

Со пристигнувањето на аргентинскиот интернационалец, менаџерот Маурицио Пелегрино се надева дека конечно ќе ги разреши напаѓачките проблеми на тимот, надевајќи се дека тој ќе даде свој придонес екипата да остане во највисоко рангираното натпреварување во Англија.

Се вчитува...