Аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе е на добар пат да се врати во Италија и да го облече дресот на Интер. Според медиумите на Апенините, тој веќе ги договорил личните услови со раководството на „нероаѕурите“ и се очекува сега италијанскиот клуб да отпочне преговори со ПСЖ за негов трансфер на „Џузепе Меаца“.
ПСЖ е во непријатна ситуација со финансискиот ферплеј на УЕФА и мора да продава, а Пасторе е проценет на 30 милиони евра. Сепак, Интер ќе се обиде да ги фати челниците на францускиот клуб ’во тесно’ и да намали дел од оваа сума.
Инаку, Пасторе треба да заработува по 5 милиони евра годишно во редовите на италијанскиот калчолигаш. Тој од 2011 година е во редовите на ПСЖ, одигра 174 натпревари и постигна 29 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА