Фени индустри ги засили редовите со американскиот плејмејкер Дени Лоухорн. 27-годишниот кошаркар претставува замена за плејмејкерот Андреј Магдевски кој потпиша за Гостивар пред неколку недели.
Лоухорн пристигнува од украинскиот второлигаш Динамо Одеса каде во просек бележеше 12.5 поени, 8.3 асистенции и 4.3 скока по натпревар, додека претходно ги бранеше боите на чешкиот прволигаш Храдец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА