Каролин Вознијацки по шест години пауза се враќа на врвот на женскиот тенис, откако Данката триумфираше на Австралија опен, стигнувајќи до првата гранслем титула во својата кариера. Таа во големото финале се сретна со Симона Халеп, која до денеска се наоѓаше на првото место на ВТА-листата, но Романката го загуби и третото гранслем финале во кариерата, со самото тоа и тронот на женскиот тенис.
Вознијацки тргна импресивно и експресно поведе со 3-0, потоа и со 5-2, но Халеп се врати и израмни на 5-5. Во тајбрејкот сепак поуспешна беше тенисерката од Данска, која славеше со 7-2 и дојде до почетно водство од 1-0 во сетови. Првата носителка успеа да се врати и да го добие вториот сет со 3-6, за потоа во третиот сет да проследиме огромна битка.
Вознијацки два пати имаше брејк предност, но се соочи со проблеми со сопствениот сервис и не успеа да се „одлепи“ резултатски. Халеп го искористи тоа и го сврте резултатот во своја полза, имаше водство од 3-4 и сервис, но потоа Данката влезе во својот препознатлив ритам, ги доби следните три гејма и се закити со трофејот во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА