Второпласираната екипа од домашната Прва женска фудбалска лига, ЖФК Тиверија славеше против бугарскиот прволигаш Спортика Благоевград со 5-2 на денешниот пријателски натпревар кој се одигра во Струмица.
Тиверија беше далеку подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до триумфот со погодоците на Стојковска, Димоска, Николовска, Дервиши во два наврати.
Тиверија на натпреварот настапи во следниот состав: Панчурова, Николова, Коларовска, Николовска, Панеска, Бошкоска, С. Велкова, Ристовска (капитен), Димоска, Стојковска, Митревска. Уште играа: Дервиши, Р. Велкова, Недева, Карпузовска, Цунева, Спасова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА