Борусија Дортмунд игра разочарувачки фудбал во последниот период, а се чини дека на фановите им здодеа и серијата со милион епизоди околу продажбата на Пјер – Емерик Обамејанг. Тој сака да си замине и да се пресели во Арсенал, па затоа и доби дисциплинска казна и беше отстранет од тимот на двата претходни натпревари. На вчерашниот меч против Фрајбург на домашен терен (2-2) се врати на теренот, но доби шлаканица од сопствените навивачи.
„Ниеден играч не е поголем од клубот“, беше транспарентот со кој фановите на Борусија Дортмунд го прелекаа Габонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА