Тешка повреда за Роберсон во триумфот на Оклахома, нов „трипл-дабл“ на Вестбрук

 

Крилниот кошаркар на Оклахома, Андре Роберсон нема по добро да го памети мечот со Детроит Пистонс. Оклахома славеше со 108-121 доаѓајќи и до седмата едноподруго победа, но натпреварот го одбележа тешката повреда на Роберсон.

Андре го повреди коленото, поточно тетивата во 32. минута од мечот откако се обиде со забивање да заврши една акција, но незгодно падна па извесно е дека за него е завршена сезоната.

Оклахома до победата ја предводеше тројката Вестбрук – Џорџ – Ентони која заедно постигна 78 поени. Но, најдобар беше Расел Вестбрук со уште еден „трипл-дабл“ од 31 поен, 13 асистенции и 11 скока. На спротивната страна Тобиас Харис броеше до 21 поен, додека Андре Драмонд постигна 12 поени дополнети со 13 скока.

Се вчитува...