Летниот преоден рок може да донесе и бомбастична размена на две фудбалски мегаѕвезди, откако челниците на Челси најавиле дека се подготвени да го пуштат Еден Азар во Реал Мадрид – само доколку во размена за него го добијат Кристијано Роналдо.
Азар не ја крие желбата да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а Белгиецот би требал да биде еден од клучните играчи во летниот ремонт што го најавува актуелниот европски првак. Сепак, многу работи во преговорите ќе зависат од Челси, а лондонскиот клуб нема намера така лесно да се откаже од својот најдобар играч.
Британскиот таблоид „Сан“ објави дека Челси веќе го побарал од Реал Мадрид Кристијано Роналдо, а „кралевите“ оставиле простор за разговор на оваа тема. Причината е добро позната, Кристијано бара плата колку што Меси заработува во Барселона, Флорентино Перез нема намера да му го исполни ова барање, па првиот човек на Реал е подготвен за разговори за евентуална продажба на португалската суперѕвезда.
Жозе Мурињо ја отфрли можноста за камбек на Роналдо на „Олд трафорд“, па Челси останува како еден од ретките клубови што се финансиски моќни за да ги задоволат барањата на Португалецот (400.000 евра неделна плата).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА