Тетекс со ново раководство, спонзор и со нов тренер ќе ја очекува пролетната полусезона во Втората лига – Запад. Под палката на искусниот стратег Мирослав Јаковљевиќ, „штофарите“ го имаа првиот собир денеска по што од утре стартуваат и подготовките за вториот дел од шампионатот.
Не е тајна дека Тетекс основната цел сезонава е опстанок во второлигашката конкуренција, за што се очекува помошта од Јаковљевиќ.
„Веќе сме длабоко во подготвителниот период и јасно е дека доцниме со стартот. Затоа во од ќе треба да се конструира тимот и со нови имиња и да се реализираат подготовките. Желбата на сите нас, со мало трпение, да му го вратиме соодветното место на Тетекс, како еден од наши најголеми брендови, во македонскиот фудбал“ – истакна 52-годишниот Јаковљевиќ на првиот собир со фудбалерите.
Како што информираат од Тетекс, наредниве денови ќе се докомплетираат и раководните органи во спортскиот дел во клубот како и стручниот штаб. „Штофарите“ есентта ја завршија на осмата позиција со 16 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА