Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд остана без услугите на украинскиот напаѓач Андреј Јармоленко. Тој заработи повреда на тетивата на ногата и ќе отсуствува од терените неколку седмици.
„Милионерите“ се во серија од три нерешени средби во Бундес-лигата и се наоѓаат на шестата позиција на табелата. Од таборот на бундеслигашот се очекува заминувањето на Пјер – Емерик Обамејанг, кој е пред трансфер во Арсенал.
Како замена за Обамејанг би требало да пристигне Мичу Батшуаи од Челси, а ротацијата на голгетерите би требало да ја комплетира Оливие Жиру, со трансфер од Арсенал во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА