Севилја го позајми Лајун од Порто

Десниот бек на Порто, Мигел Лајун е првото засилување на Севилја во зимскиот преоден рок, под водство на Винченцо Монтела. 29-годишниот Мексиканец пристигнува на позајмица андалузискиот клуб до крајот на сезоната, со можност да реализира перманентна преселба.

Мексиканскиот репрезентативец изрази желба да ја напушти Португалија бидејќи сезонава не ја добива посакуваната минутажа во редовите на Порто, па се одлучи за привремено смена на средината со цел да биде подготвен за својата репрезентација во пресрет на мундијалот.

Овој ангажман на Севилја ги изненади шпанските љубители на фудбалот, бидејќи како што пренесуваа нивните медиуми, Лајун имал договорен трансфер во Реал Бетис, градскиот ривал на Севилја, но потоа самите ривали одлучија да ги нарушат плановите на противникот, се приклучија во трката за потписот на фудбалерот и при тоа го „украдоа“ од рацете на Бетис.

 

Се вчитува...